Безбедносни решенија
Безбедносните актуатори на Belimo за пожарна заштита и дамперите за димна контрола помагаат да се спасат животите и да се заштити имотот во случај на пожар.
Луѓето во индустријализираните земји трошат добри 90 проценти од своето време во објекти. И каде што луѓето живеат и работат, заштитата на животот е првиот приоритет. Важен фактор овде е безбедноста во случај на пожар. Времето на реакција е од суштинско значење за да се спречи ширењето на пожарот и димот во првата фаза и да се спречи задимување на рутите за спасување и излез што е можно подолго: што побрза е реакцијата во случај на пожар, тоа помала е штетата по човечките животи, имотот и животната средина.
Пожарната заштита во објекти се базира на три главни столба: структурна, техничка и организациска пожарна заштита. Техничката пожарна заштита е поважна од кога било, особено во модерни објекти со невообичаени дизајни, мешана употреба или поголема сложеност и големина на објект. Belimo ја адресираше оваа тема уште многу рано, особено во погледот на техничката пожарна заштита. Уште во 1978 година, три години по основањето, Belimo продаваше актуатори кои може да се монтираат на пожарни дампери. Во меѓувреме, Belimo стана светски лидер на пазарот во моторизација на дампери и дампери за димна контрола со добро основана стручност и искуство.
Предности од моторизацијата
Во споредба со механичките пожарни дампери, кои се затвораат само при високи температури, моторизираните дампери имаат голема предност: во случај на пожар, може да се затвора порано, на пример, активација со сигнал на димен детектор. Ова сигурно и навремено го спречува ширењето на пожарот и димот во објектот. Освен тоа, мотиризацијата овозможува редовни проверки на функцијата на пожарните дампери, што пак понатаму ја зголемува безбедноста во објектот.
Belimo им нуди на производителите на оригинална опрема (OEM) за дампери за пожарна и димна контрола опфатен опсег на актуатори конкретно развиени за нивните апликации. Ги користиме последните технологии и највисоките стандарди кога се работи за развој, снабдување со материјали, производство и финално тестирање. Заедно со дамперите, актуаторите мора да ги исполнуваат меѓународните и националните безбедносни стандарди, кои меѓудругото ги вклучуваат циклусот на работен век и тестовите за пожар.
Развиена е нова генерација
Помеѓу 2015 и 2018 година, Belimo воведе нов опсег на актуатори за пожарни дампери во Европа. Тие имаат уникатна патентирана функција за заклучување (Safety Position Lock™) која ги одржува дамперите безбедно затворени во случај на пожар. Реакцијата на клиентите на ова проширување на опсегот на продукти беше позитивна. Новата генерација на актуатори за димна контрола беше развиена. Освен што ќе овозможи Belimo да ја прошири својата позиција на пазарот дополнително во секторот на пожарна заштита, ќе донесе и решавачки придонес кон спасувањето животи.
Системот за диференцијален притисок за димна контрола во седиштето на Belimo во Хинвил (Швајцарија)
Сѐ поголемата урбанизација води кон покомпактни конструкции, со поголема височина и длабочина на мала површина. Објектите од таков тип, кои обично се облакодери, бараат нови технички решенија кои овозможуваат безбедна евакуација и поддржуваат противпожарни мерки од противпожарниот оддел. Системите со диференцијален притисок за димна контрола гарантираат дека рутите за излез и спасување ќе бидат без дим, особено скалилата или противпожарните лифтови и затоа стануваат сѐ поважни. Овозможуваат создавање на она што е познато како безбедносни скалила, со што се отстранува потребата за втори скалила. Без да треба да се изврши компромис во однос на безбедноста, таквата површина може да се користи за други намени, со што се намалуваат трошоците за конструкција.
Поради потенцијалот на пазарот за апликации на исклучување дим, Belimo инвестираше во постројка за тестирање и демонстрирање во своето седиште во 2018 година. Овој систем за диференцијален притисок за димна контрола е уникатен во својот дизајн.
Специјалните работи бараат специјална заштита
Архитектонско биро хала 1 | Локација Линц (Австрија) | Тип на проект за канцеларии за мешана употреба, апартмани, хотел, хала за настани, подземен паркинг | Површина од 12.000 m² (129.000 ft²) | Корисна површина 57.600 m² (620.000 ft², вкл. подземен паркинг) | Канцелариска зграда од 1.900 m² (20.500 ft²) | Хотел со 129 соби.
Со своите безбедносни решенија, Belimo врши значителен придонес кон сигурната пожарна заштита на „специјалниот“ објект во Линц.
Во срцето на Линц (Австрија) - на работ каде што некогашната тврдина на градот Линц стоеше, сега стои Promenaden Galerien – модерен објект кој ги поврзува пешачките зони на градот среде историски објекти, овозможувајќи простор за продавници, ресторани, канцеларии, апартмани за издавање, хала за настани и хотел. Комплексот на објекти беше во сопственост на Wimmer Medien уште од 1885 година. До 2003-та година се користеше како печатница за весникот Oberösterreichische Nachrichten весник. Печатницата беше размонтирана во 2008 година, што беше почетен сигнал за концепт на променада, кој започна во април 2010 година.
Фамилијата Кутури, сопственици на Wimmer Medien, имаше големи планови за Promenaden Galerien. Сакаа да создадат многу специјално место: „Место кое изгледа скапо без да биде надвор од допир со реалноста и кое предизвикува радост кај посетителите“, објаснува Паоло Кутури, менаџерот на поект на Promenaden Galerien. На тој начин можеше да го исполни долгогодишниот сон на неговиот татко Рудолф Андреа Кутури, сон кој конечно се отвори церемонијално во јуни 2018 година.
Беше потребен професионален тим за да може да се создаде такво специјално место. Фамилијата Кутури ги повика најреномираните специјалисти за да ја реализираат нивната визија на Promenaden Galerien уште во рана фаза. Архитектонското биро хала 1 во Салцбург успеа да го искомбинира новото и старото за да создаде модерна единица. На пример, ново шеталиште беше создадено со урбан шмек каде што луѓето можат да подзастанат и да поседат малку. Каде што некогаш се слушаа звуци од пресите за печатење, денес се слуша пулсот на животот. А, таму каде што луѓето работат, безбедноста мора да биде врвен приоритет. Според тоа, уште на почетокот, пожарната заштита беше централно прашање при планирањето на објектот.
„Никој не размислува за пожарната заштита кога изнајмува апартман или деловен простор“, објаснува менаџерот на проект, г-дин Кутури. „Меѓутоа, особено важно е како оператор и сопственик на објект, да се биде подготвен во случај на пожар.“
За безбедноста на луѓето и имотот
Во поглед на пожарната заштита, Австрија е една од најнапредните земји во светот. Освен европските стандарди и директиви, мора да се следат и стандардите за пожарна заштита во земјата, според кои може да има уште поголеми барања за техничките системи. За објекти во кои пожарниот алармен систем е инсталиран, моторизираните пожарни дампери се задолжителни во Австрија.
Операторите на Promenaden Galerien отидоа дури чекор понапред: „Пожарните дампер актуатори треба да ги затвораат дамперите навечер штом системот за вентилација ќе се исклучи,“ вели Норберт Каимбергер, менаџер на проект и овластен потписник на компанијата за електрични инсталации ETECH. „Ова на сигурен начин спречува ширење на димот и пожарот низ системот за вентилација.“ Истовремено, редовното затворање и отворање на пожарните дампери се заведува како функционален тест, што пак прави одлучен придонес кон безбедноста на објектот.
За проектот Promenaden Galerien, шест компании во Линц ги здружија силите под лидерство на ETECH како здружен потфат за целосната техничка инсталација во објект. Освен работата на електриката, нивната област на одговорност исто така вклучуваше имплементација на вмрежувањето на дисциплини и технологијата за контрола.
Така, можеше да се загарантираат комфорна клима на просториите, ефикасна работа на технологијата за објекти и потребниот квалитет за пожарна заштита. Уште многу рано во проектот, се обрна специјално внимание на оптималната интеракција помеѓу разните секции. Во зависност од аспектот, различни специјалистички групи работеа на пожарната заштита. Раната координација според тоа е од најголема важност за да се загарантира висококвалитетно решение за пожарната заштита и особено за димната контрола.
Од иста причина, беше извршен интегрален тест за време на првичното прифаќање на системите поврзани со безбедноста. Тоа гарантира дека функциите низ системот се исполнети во согласност со концептот на пожарна заштита и дека безбедносните цели се постигнати во случај на пожар.
Предизвикот на мешаната употреба
За да се одделат некористените делови на објектот во системот за вентилација и на тој начин за да се спречат димот и пожарот, соодветните пожарни дампери се затвораат како мерка на претпазливост кога просториите не се користат. „Можеме да ги контролираме моторизираните пожарни дампери по потреба, земајќи ги така предвид различните времиња на употреба“, вели г-дин Каимбергер. „На пример, работното време на одделението за вестите на Oberösterreichische Nachrichten се разликува многу од тоа на другите канцеларии во истата област на вентилација.“
Концептот на пожарна заштита на објектот ги опишува безбедносните цели за да може да се загарантира безбедноста на луѓето и имотот. Бидејќи најголемата опасност за луѓето во случај на пожар е интензивното насобирање дим, обично се инсталираат дополнителни уреди за димна контрола во објекти, како Promenaden Galerien, за да се загарантира дека рутите на излез и спасување ќе бидат без дим. Системите автоматски се активираат веднаш штом пожарниот алармен систем открие дим. Во исто време, противпожарната служба е исто така предупредена.
Според тоа, се инсталираа системи за димна контрола во Promenaden Galerien, кои ги пренесуваат отровните гасови надвор од објектот и кон отворено преку големи вентилатори во случај на пожар. „Ако не беше побарано во тендерот, ќе предложевме интелигентна контрола и надгледување на дамперите за димна и пожарна контрола“, објаснува г-дин Каимбергер. Освен 500 моторизирани пожарни дампери, има и шест зони за димна контрола во случај на пожар -
по три во подземниот паркинг и во ресторанот и делот за шопинг.
„Избравме централен и интелигентен систем за надгледување и контрола за надгледување на вкупно 40 моторизирани дампери за димна контрола и шест вентилатори за димна контрола“, додава г-дин Каимбергер. Системот автоматски извршува и евидентира редовни оперативни проверки на сите моторизирани дампери за димна и пожарна контрола што се поврзани. Во случај на одредени промени, како промена во користењето на просториите, безбедносните сценарија може да се приспособат во едноставна и флексибилна процедура. Освен тоа, централниот систем поддржува и одржување и сервисирање на системите.
Докажани производи, уникатен сервис
Пожарната заштита е исто така врвен приоритет во трикатниот подземен паркинг на Promenaden Galerien. Запалено возило во подземниот паркинг може брзо да развие температура на воздухот до 700 степени целзиусови. Тоа може да предизвика статиката на армираниот бетон да ослаби и последователно да предизвика оштетувања на целата структура на објектот. Освен тоа, густиот и отровен дим предизвикува значителен ризик по човечките животи. Од сите овие причини, ефективните противпожарни системи се бесценети во подземните паркинзи за да се реагира навремено кога димот се развива.
Гарантирањето дека рутите за излез и спасување ќе бидат без дим е од најголема важност во подземниот паркинг. Систем на прскалки во поврзаност со ефикасен систем за димна контрола гарантира дека потребните безбедносни цели може да се постигнат на Promenaden Galerien.
За г-дин Каимбергер, користењето на докажани компоненти, како актуаторите за димна контрола на Belimo, беше особено важно за дамперите за димна контрола и дамперите за внесување воздух. За него, соработката беше очигледен избор уште во раната фаза: „Нашиот прв проект со Belimo беше конструирање на нашето ново седиште на ETECH. Тоа беше особено успешна соработка. Кога имавме прашања, добивавме брзи одговори или дури и посети на местото на изградба. Таквата услуга го направи Belimo идеален партнер.“